ФУДБАЛ

Вардар во четвртфиналето на Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар обезбедија пласман во четвртфиналето на Куп на Македонија.

Вардарци го добија реванш натпреварот од осминафиналето против Шкупи со 2-0 и со вкупен резултат 3-1 се пласираа во четвртфиналната рунда каде за противник ќе го имаат големиот ривал Шкендија.

Стрелци на головите за актуелниот шампион беа Бобан Николов во 64.минута и Максим Максимов на осум минути пред крајот (82)

Инаку екипите на Академија Пандев, Пелистер и Ренова веќе обезбедија пласман полуфиналето.

Со овој меч и официјално е заокружен есенскиот дел во домашниот фудбал, по што следува пауза до февруари.

ПОВРЗАНО

ВардарШкендијаАкадемија ПандевПелистерШкупиГоран Пандев