Екипата на Вардар вториот тренинг го комплетираа во Анталија пред пријателскиот натпревар против екипата од Узбекистан, Пахтакор.
Во денешниот ден главен акцент беше ставен на тактичката подготовка на екипата. И на првиот и на вториот тренинг екипата воигруваше тактички варијанти кои што ќе треба да ги примени низ овие контролни натпревари кои што ќе се играат на подготовките во Турција.


