И двајцата напаѓачи постигнаа гол во последниот натпревар против Осасуна
Напаѓачот на Реал, Лукас Васкез смета дека Винисиус и Родриго би можеле да бидат идни sвезди на „Сантијаго Бернабеу“.
Шпанецот исто така е задоволен од нив бидејќи верува дека Бразилците работат напорно.
„Среќни сме што се во тимот. Тие се добри и можат да се подобрат. Ги имаат сите потенцијали да станат sвезди“, рече тој. Васкез зборуваше и за убавиот гол на Винисиус.
„Ние сме многу среќни. Тој е неверојатен човек кој работи напорно. Тој му помогна на тимот со гол, па затоа сме среќни“, заклучи тој.