ФУДБАЛ

Ватфорд сака да ја засили одбраната со Родригез

Се очекува Рикардо Родригез да го напушти Милан во јануарскиот преоден рок. Левиот бек би можел да заврши во Премиер лигата.

Ватфорд стапи во контакт со Милан за левиот бек Рикардо Родригез.

Веста ја објави британскиот таблоид „Дејли Меил“.

Италијанскиот клуб треба да продаде играчи во јануари за да ги балансира финансиите и швајцарскиот репрезентативец би можел да биде еден од играчите што треба да си замине.

Сега, тренерот на Ватфорд, е решен да ја засили левата бековска позиција, а поранешниот играч на Волфсбург е негова главна цел.

Родригез не наоѓа простор на „Сан Сиро“, каде на негово место игра Тео Ернандес.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига