ФУДБАЛ

Важна победа за Бурнмаут во борбата за Премиер лигата

Бурнмаут го победи Мидлзборо со 3:1 во 39-то коло на Чемпионшип и излезе со вредни три бода во борбата за Премиер лигата.

Домашниот тим добро влезе во натпреварот. Во 14. минута Билинг погоди за 1:0 по одличната асистенција на Данјума.

Овој резултат остана на семафорот до 63-та минута кога Боро дојде до израмнување. Ватмор со одличен удар го победи Беговиќ за 1:1.

Радоста на гостите траеше кратко. Веќе во 67. минута од средбата, Бурнмаут поведе одново и Лерма погоди за 2:1.

Конечните 3:1 ги постави Соланке во 84-та минута од натпреварот.

Борнмут во моментов е шести на табелата и го држи последното место кое води во плејофот.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига