Дуелот помеѓу ПСЖ и Башакшехир е сепак главната приказна во Турција, поради расистичкиот излив на четвртиот судија на овој натпревар.
Имено, романскиот судија Себастијан Колтеску за тренер на турскиот тим Пјер Вебо рече „црниот“ по што настана хаос, а играчите на Башакшехир не сакаа да го продолжат мечот, кој се играше 24 часа подоцна.
Вебо доби голема поддршка, а меѓу оние кои застанаа покрај него беше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
“Добив поддршка од турскиот претседател, кој навистина беше еден од првите истакнати луѓе што ме поддржаа во ова тешко време. Му благодарам”, рече Вебо.