ФУДБАЛ

Вечерва во Неапол ќе биде изведен најсилниот и најдолг аплауз досега

Смртта на Диего Марадона сериозно ги потресе жителите на Неапол каде што легендарниот Аргентинец имаше статус на божество.

Марадона ги помина можеби најдобрите денови во клупската кариера во дресот на Наполи со кој донесе две Скудета, што пред неговото доаѓање беше незамисливо за победа на овој клуб.

Тој имаше посебен однос со обожавателите и затоа денес многумина велат дека Марадона е за нив едноставно божество и повеќе од маж.

Во Неапол, навивачите синоќа почнаа да се збогуваат со Марадона, но вечерва ќе го сторат тоа за да може целиот свет да слушне. Имено, Наполи во 21 часот ќе одигра натпревар од ЛЕ против Риека, но претходно овој град ќе биде во центарот на вниманието.

Наполитанците најавија дека вечерва целиот град ќе му аплаудира на Марадона од 20:45 часот и дека тоа ќе биде најсилниот аплауз во историјата. Сите жители на градот добија порака да излезат вечерва во 20:45 часот и да му аплаудираат на Марадона затоа што е јасно дека натпреварот се игра пред празни трибини.

“Пред натпреварот ќе има аплаузи за Марадона и палење свеќи низ целиот Неапол. Аплаузите ќе траат до самиот почеток на натпреварот и една минута молчење. Ќе биде најгласниот и најдолгиот аплауз досега. Ќе го извикуваме името на Марадона за светот никогаш да не се заборави”, од Наполи.