УЕФА објави статистика, учинок на клубовите во Лигата на шампионите почнувајќи од 1955 година па се до денеска. На листата на All Time најдобар клуб е Реал Мадрид со 13 титули, но и најмногу победи 262. Баерн Минхен е втор со 201 победа и пет титули, на третото место е Барселона со пет титули и 187 победи.
На листата се најдоа и македонските тимови. Вардар е најдобро пласиран на 146-то место, Работнички и 186-ти, Шкендија е на 255-то, Слога Југомагнат, сегашен Шкупи е на 300-та позиција, Силекс – 342, Победа-387, Македонија ЃП е на 474 позиција, Ренова е 483-та,
На следниот ЛИНК можете да ја погледнете целата листа.