Еден од членовите на можеби најдобрата генерација на Барселона на сите времиња, Ибрахим Афелај на 35 години одлучи да се пензионира. Кога Барселона во 2011-та година го покори светот и Европа, тој беше член на таа генерација и важеше за еден од најголемите таленти.
Меѓутоа, Афелај остана вечен талент и никогаш не успеа да го покаже својот квалитет, првенствено поради големиот број на повреди. Своето име го изгради во ПСВ каде првиот пат играше од 2004-та до 20010-та година кога следуваше трансфер во Барселона.
Токму во овој клуб го имаше и последниот ангажман. Последниот меч го одигра на 26-ти јануари 2020-та година, а во изминатиот период иако бараше клуб, не можеше да договори ангажман, па одлучи да се пензионира. Во својата кариера освен за ПСВ и Барселона играше за Шалке, Олимпијакос, Стоук Сити. За репрезентацијата на Холандија забележа 53 настапи и шест голови.