Францускиот играч за врска Корентин Толисо (27) нема да остане во Баерн, откако упати нереални барања клубот да ја продолжи соработката.
27-годишниот играч од баварскиот гигант побарал нереални 16 милиони евра годишно за да потпише нов договор, а секако Баерн не сакал да му плати.
Кога слушнаа што бара овој фудбалер, раководството на Баерн не ни помисли на дополнителни преговори, па се откажа од Толисо.
Така францускиот играч за врска ќе го напушти Минхен по истекот на договорот во јуни оваа година. Преговорите за продолжување на соработката беа неуспешни по пет години Толисо ќе го напушти клубот.
Французинот во Баерн пристигна во 2017 година од Лион. Беше платен повеќе од 40 милиони евра, но во последните години често отсуствуваше од терените поради повреди.
За Баварците одигра вкупно 115 натпревари и постигна 21 гол. Со германскиот великан освои се што можеше.
Сепак, време е да се збогуваат и Толисо ќе ја продолжи својата кариера на друго место од следната сезона.