ПСЖ синоќа го победи Сент Етјен по пресвртот со 3:1.
Парижаните успеаја да дојдат до нови три бода и со тоа дополнително да се зацврстат на лидерската позиција на табелата во Лига 1.
Одличен натпревар одиграа Килијан Мбапе и Лионел Меси кои го одведоа ПСЖ до победа. Мбапе постигна два гола и двата по одличните асистенции на Меси.
Интересно, Меси веднаш се упати од стадионот кон аеродромот и отпатува за Барселона, каде што пристигна во раните утрински часови.
Таму го пречекаа некои шпански новинари, а Меси дојде во Барселона каде роденденот ќе го прослави неговата сопруга Антонела.
Антонела вчера со децата пристигна во Барселона, а веднаш по натпреварот им се придружи и Меси. Роденденската забава е закажана за денеска во нивната семејна куќа во Ситгес.