Легендарниот поранешен англиски фудбалер, а сега тренер Вејн Руни одби работа во Евертон.
36-годишниот Англичанец истакна дека воопшто одбил да започне преговори со тимот од Гудисон Парк, бидејќи му е важна работата што моментално ја работи во Дерби Каунти.
„Евертон му пријде на мојот агент и тие не побараа да разговараме за работата. Јас ги одбив. Верувам дека ќе бидам менаџер во Премиер лигата и целосно сум подготвен за тоа, но моментално имам работа во Дерби и тоа е важно за мене“, изјави Руни за неговиот сегашен тим тој е врзан до летото 2023 година.
Англиските медиуми пренесуваат дека на клупата на Евертон би можел да биде и неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата на Англија, Френк Лампард.
Да потсетиме, Вејн Руни се појави како играч на Евертон каде ги мина сите млади категории, сè додека не се пресели во Манчестер Јунајтед во 2004 година.
Во летото 2017 година се врати во овој клуб и остана една сезона, пред да се пресели во ДЦ Јунајтед во САД од каде се пресели во Дерби каде ја заврши кариерата.
Таму каде што заврши играњето, таму ја започна својата тренерска кариера. Дерби го водеше на 54 натпревари, од кои 30 сезонава и има учинок од девет победи, 11 нерешени и 10 порази.