Манчестер Јунајтед ќе бара нов напаѓач и ќе потроши цело богатство.
Со заминувањето на Кристијано Роналдо, остана празно место во тимот на Манчестер Јунајтед, кој во изминатите шест месеци беше окупиран од Воут Вегхорст.
Високиот Холанѓанец постигна само еден гол од неговото доаѓање, добива шанса и е пофален од Тен Хаг бидејќи извршува многу важни задачи кои му користат на тимот.
Сепак, „Football Insider“ пренесува дека соработката нема да биде продолжена, односно дека Манчестер Јунајтед нема да го купи овој напаѓач.
“Мислам дека му носи многу на тимот. Од моментот кога влезе, напаѓачката линија стана подинамична, бевме подобри во пресингот. Тој многу го подобри тимот откако влезе”, изјави тој по натпреварот против Лестер.
Од друга страна, Вегхорст изрази желба да остане, но управата одлучува – големи се шансите тоа да не се случи.
Виктор Осимен е прва мета, се споменува и Влаховиќ, најмногу Вегхорст речиси сигурно ќе се врати во Барнли…
