Џеси Лингард (29) конечно стави крај на кошмарот наречен Манчестер Јунајтед.
Договорот на овој 29-годишен напаѓач со „црвените ѓаволи“ истече на крајот на јуни и тој го напушти клубот во кој помина две децении и каде што не доби вистинска шанса.
По многубројните позајмици, Лингард конечно потпишува договор со нов клуб. Тоа е англискиот гигант Нотингем Форест.
Шумарите се вратија во Премиерлигата по 23 години. Засилувањата се неопходни за да се натпреварува во елитата, а Лингард сигурно ќе биде меѓу главните играчи на Форест.
Џеси денеска ги помина лекарските прегледи и потпиша договор со тимот од Нотингем, а првиот меч за новиот клуб ќе го одигра веќе во петок, за кога е закажан пријателскиот натпревар со Унион Берлин.
Лингард мина низ младинските редови на Јунајтед и одигра 232 натпревари за првиот тим и постигна 35 гола.
Во текот на претходните години често одеше на позајмица, па играше и за Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби и Вест Хем.