Поранешниот напаѓач на Арсенал, Дани Велбек ќа ја смени клупската средина и е во потрага по нов предизвик во кариерата. Дваесет и осумгодишниот Англичанец добил понуда за соработка од Вотфорд.
Велбек играше за Арсенал уште од 2014 година, каде се пресели од Манчестер јунајтед. Сепак, минатата сезона тој настапи само на осум натпревари за „топџиите“, на кои постигна еден гол.
Ова лето, раководството на премиерлигашот од Лондон реши да не потпише нов договор со него.