ФУДБАЛ

ВЕЛИКАНИТЕ СПРЕМААТ ПОНУДИ „АС“ објави почеток на аукцијата за Салах

Шпански “АС” објави дека во Ливерпул започнува аукција на Мохамед Салах, главен фаворит за неговиот потпис е Реал Мадрид, иако уште двајца великани “ја следат ситуацијата”.

Зинедин Зидан пред еден месец покажа интерес за Салах, според францускиот „Канал Плус“. Од друга страна, Салах му рече на шпанскиот “Мувистар +” дека не сака да зборува за неговата иднина сега, но впечатоците од финалето на Лигата на Шампионите полека се сложуваат, а лудото за летниот трансфер период штотуку не започна.

„АС“ на насловната страница ги носи вестите под наслов „Аукцијата за Салахв започнува. Реал, Баерн и Јунајтед ја следат ситуацијата“. Во текстот не го споменува износот на евентуалниот трансфер, но претходно се шпекулираше дека тоа е бројка од 200 милиони евра.