Велко Маркоски по четиригодишна пауза повторно ќе го носи дресот на Металург, каде настапуваше во период од 2010 до 2015 години.
Маркоски потпиша договор до крајот на сезоната и ќе биде од огромна помош во битките на Металург дома и во Европа.
Маркоски, покрај Металург, настапуваше и за Вардар, Зомимак, Работнички и Загреб, а својот последен ангажман го имаше во првенството на Романија, каде ги бранеше боите на Доброгеа Суд.