ФУДБАЛ

Велковски отпадна за натпреварите против Лихтенштајн и Ерменија

Поради повреда, Дарко Велковски нема да биде во составот на репрезентацијата на Македонија за октомвриските натпревари во Лига на Нации против Лихтенштајн (13. октомври, Национална арена „Филип Втори“) и Ерменија (16. октомври, „Вазген Саргсјан“).

Дефанзивецот на Риека има повреда на задната ложа и поради тоа не е во можност да настапи на претстојните натпревари.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски прати дополнителен повик за Ѓоко Зајков од белгиски Шарлероа за претстојните натпревари на репрезентацијата.