ФУДБАЛ

Велшаните го продолжуваат патувањето кон Светското првенство

Репрезентацијата на Велс го продолжува патот кон Светското првенство.

Во полуфиналето на баражот, Велшаните на домашен терен ја совладаа Австрија со 2:1 и се изборија за финалниот дуел.

Херојот на „Змејовите“ беше Гарте Бејл.

Ѕвездата на велшката репрезентација постигна два гола во 25. и 51. минута и ја донесе својата репрезентација на чекор до Светското првенство во Катар.

Голот за Австријците го режираше уште еден Велшанец, Дејвис си постигна автогол во 65. минута за 2:1, што беше и конечниот резултат на натпреварот.

Велс во финалето на баражот ќе игра со подобриот од дуелот Шкотска – Украина.