ФУДБАЛ

Венгер: Фрустриран сум…

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, призна дека тешко му падна што во моментов не води нитуе еден клуб.

Французинот неодамна одлучи да го напушти Арсенал, по 22 години, иако тој беше поврзан со голем број клубови во, сè уште е без работа.

Венгер не крие дека тешко му падна што многу го отпишаја, и мисли дека дојде крај на неговата кариера.

„Луѓето ве отпишуваат кога сте стари, но јас се уште не сум ја завршил кариерата, јас не сум пензиониран, јас сум фрустриран, сакам да се натпреварувам и тоа ми недостига“, изјави Венгер за „BeIn Sports“.

Венгер, исто така, рече дека следната година ќе најде нова работа, а исто така признава дека нема да биде во Англија.