ФУДБАЛ

Венгер го спореди Азар со коњ со прекумерна тежина

Арсен Венгер верува дека Еден Азар се соочува со тешкотии во Реал Мадрид поради неговата физичка состојба.

Поранешниот напаѓач на Челзи му се придружи на Мадрид во текот на летото и пристигна во шпанската престолнина пред да се повреди непосредно пред почетокот на новата сезона.

„Чувствувам дека сè уште не сме го виделе Азар што го познаваме од Англија“, изјави Венгер за „БИН Спортс“.

„Тој не е ниту физички подготвен по повредата што ја здоби. Ми се чини дека тој ја нема истата доверба како во Челзи“, додаде поранешниот тренер на Арсенал.

„Мислам дека причината е неговата физичка состојба. Дојде со голема тежина, како што пишуваа весниците“, рече тој.

Французинот потоа направи интересна споредба за да ја објасни ситуацијата на белгиецот.

„Ако сакате да направите коњот да ја загуби трката, тогаш додадете тежина на коњот, тежина од 500 килограми и тоа е доволно“, рече тој.