Арсен Венгер одби да ја исклучи можноста да стане нов тренер на Баерн Минхен, во услови на шпекулации за испразнетото место на германскиот гигант.
Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, важи за еден од омилените тренери за замена на Нико Ковач, кој викендов доби отказ од Баерн Минхен.
Ралф Рангик ја отфрли можноста за преговори со Баерн Минхен, додека тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, исто така, изјави дека не е заинтересиран.
Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, исто така, инсистираше на тоа дека нема да го напушти холандскиот клуб оваа сезона, и покрај интересот од Баерн. Германските медиуми сега посочуваат дека Венгер е фаворит за позицијата.
На прашањето дали го интересира местото, тренер на Баерн Минхен, Венгер за „БИН Спорт“ рече:
„Секако дека да“.
„Секој што бил тренер би го кажал истото. Ми недостасува интензитет, но некои работи недостасуваат повеќе, а некои работи недостасуваат помалку. Уживав во нештата што сега ми недостасуваат“.
„Но, од друга страна, фудбалски натпревари, победи, подготовки за натпревар и емоции … Ова се работи што многу ми недостасуваат“.