Ако некој е компетентен да зборува за Алексис Санчез, тогаш тоа е Арсен Венгер, бидејки под негово водство, Алексис го играше најдоброто ниво од неговата кариера.
Санчез во Манчестер Јунајтед пристигна минатата зима како големо засилување, но тој дури и не го доби она што го очекуваше.
Легендарниот менаџер на Арсенал верува дека знае зошто е така.
„Моќта на Алексис во игра доаѓа кога ќе преземе иницијатива и ги дрибла противниците. Овие играчи како него, стануваат ранливи кога ќе ја изгубат самодоверба, бидејќи нивната игра се базира токму на тоа. Тој самодоверба полека ја губи и таа може да се почувствува на теренот“, рече Венгер и продолжи
„На почетокот на сезоната, физички беше на високо ниво на подготвеност, но до сега веќе изгубил многу самодоверба, и сега сигурно е посвеж, бидејќи Мурињо веќе некое време го одмара“.
Алексис Санчез одигра 28 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна само четири гола, што е исклучително лошо за неговиот калибар.