Познатиот француски стручњак Арсен Венгер (71) повторно ќе се најде на тренерската клупа.
Искусниот 71-годишен стручњак потпиша договор со Саудијците и ќе ги предводи играчите на Ал-Хилал и Ал-Наср на натпреварот против ПСЖ во јануари следната година.
https://twitter.com/Turki_alalshikh/status/1438895537571434496
Играчите на овие клубови заедно ќе го предизвикаат ПСЖ на пријателски натпревар, а Венгер е ангажиран како тренер.
„Големиот тренер Арсен Венгер потпиша договор и ќе ги предводи ѕвездите на Ал-Хилал и Ал-Наср против ПСЖ“, беше објавено.
الفرنسي أرسين فينجر مدرباً لنجوم الهلال والنصر أمام باريس سان جيرمان 😍⚽
تخيل أكثر في #موسم_الرياض 🔥 https://t.co/MHMGkB2mzL pic.twitter.com/zzDPX5zvdj
— الهيئة العامة للترفيه (@GEA_SA) October 10, 2021
Арсен Венгер ја заврши својата тренерска кариера во 2018 година по две децении поминати во лондонски Арсенал.
Пред Топџиите, тој работеше во Јапонија, додека во Франција ги водеше екипите на Нанси и Монако.
По пензионирањето, тој стана шеф за развој на фудбалот во ФИФА, а исто така работи како професионален консултант на бројни ТВ станици.