Арсен Венгер изјави дека Микел Артета поседува квалитет за да го наследи на клупата во Арсенал.
“Беше лидер, има голема страст кон играта. Го познава Арсенал и знае што е важно за клубот. Ги има потребните квалитети за позицијата на тренер, но јас нема да лобирам. Важно е објективно да се донесе одлуката, а потоа ќе му пружам целосна поддршка на Микел”, истакна Венгер.
Артета, кој играчката кариера ја заврши во Арсенал во 2016 година, сега му е асистент на тренерот Пеп Гвардиола во Манчестер сити.
Покрај него кандидати за клупата на Арсенал се и Патрик Виера, Масимилијано Алегри и Унаи Емери.