ФУДБАЛ

Верати беше заразен со коронавирус пред околу три месеци, сега повторно излезе позитивен

Уште еден играч на италијанската репрезентација е погоден од коронавирусот. Станува збор за играчот за врска Марко Верати, кој веднаш беше сместен во изолација, додека веста ја даде францускиот клуб ПСЖ.

Верати е позитивен од 29 март и беше во изолаци, додека сега минува низ изолациониот период во Париз и ќе го промаши првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен на 7 април.

Ова е втор пат за неколку месеци Марко Верати да биде зафатен од коронавирусот, бидејќи дури на почетокот на годината италијанскиот играч за врска загуби два натпревари во првенството од истата причина.

Во меѓувреме во Италија сите се вознемирени дека другите фудбалери кои беа на собирот, би можеле да бидат позитивни во наредните денови, бидејќи коронавирусот ги погоди и Бонучи и 4 члена на техничкиот штаб.