Италијанскиот репрезентативец Марко Верати ја напушти репрезентацијата на Италија по победата над Северна Ирска (2:0) поради повреда и ќе го пропушти дуелот со Бугарија во квалификациите за Европското првенство.
Покрај тоа, Верати ќе го пропушти дербито во Франција помеѓу Лил и неговиот ПСЖ за време на викендот, а прашање е дали може да му се стави на располагање на тренерот Маурисио Покетино за пресметката со Баерн во средината на следната недела во четвртфиналето на ЛШ.
Првиот натпревар помеѓу овие два тима ќе се одигра на 7 април во Минхен, а реваншот е на 13 април. Баерн објави дека Роберт Левандовски ќе ги пропушти двата натпревари поради повреда, па евидентно е дека и двата тима ќе бидат ослабени.
Верати е многу важен за ПСЖ, но бидејќи Баерн има широк список и потенцијална замена за Левандовски, така и францускиот шампион може да се пофали со широк спектар на одлични играчи на секоја позиција.