ФУДБАЛ

Вернер ги одби Челзи на Манчестер Јунајтед за Ливерпул

Германскиот напаѓач на Лајпциг се чини дека е решен да се префрли на „Енфилд Роуд“, каде би се придружил на тренерот Јирген Клоп

Се чини дека Тимо Вернер е решен да се пресели во Ливерпул.

Германскиот напаѓач, прима понуди од други европски гиганти, но ги одбива.

Неодамна, таблоидот „Билд“ објави дека Манчестер Јунајтед и Челзи покажале интерес за германскиот репрезентативец.

Сепак, 24-годишниот играч сака да му се придружи на тренерот Јурген Клоп на „Енфилд роуд“.

Единствено што останува е да се постигне договор меѓу двата клуба бидејќи Вернер е подготвен да му се придружи на актуелниот европски и светски шампион.

Германскиот напаѓач одлично ја одработи оваа сезона досега, постигнувајќи 27 гола на 36 натпревари во сите натпреварувања.