Купување на најмалку еден напаѓач е задолжително за Манчестер Јунајтед во јануарскиот трансгер период. „Црвените ѓаволи“ имаат список со имиња како можен кандидат и меѓу нив е и Тимо Вернер кој го сакаат и одговара на стилот на играта на Солскјер, пренесува „Суперспор“.
23-годишниот неодамна го обнови договорот со Лајпциг, а челниците на клубот за него бараат најмалку 65 милиони евра. Манчестер Јунајтед не би размислувал двапати за трошење на таква сума, но тие мора да го убедат играчот да ја прифати преселбата во Англија, бидејќи за него е инсистиран и Баерн Минхен.