ФУДБАЛ

Верниот војник никогаш не е поблиску до заминување од Реал, по повеќе од две децении!

Дефанзивецот и сеопфатен играч на Реал, Начо Фернандеш би можел да го напушти Мадрид во зимскиот преоден рок.

Марка денеска пишува дека Начо е целосно незадоволен од својот статус, бидејќи со доаѓањето на Антонио Ридигер падна во втор план и нема минутажа ниту од клупата, ниту во ротацијата.

Ова не е првпат Начо да е блиску до заминување, за тоа се шпекулираше во текот на оваа година, но и летото пред минатата кога имаше неколку профитабилни понуди.

Сега ситуацијата е малку поинаква, Начо има само 11 настапи оваа сезона, наскоро ќе наполни 33 години, па нема многу избор.

Шпанецот сака да игра повеќе, тоа никој во Реал не може да му го вети и затоа никогаш не бил поблиску до одлука да го напушти клубот.

Она што е особено неверојатно е што тој е во Реал од својата 11-та година и помина низ сите помлади категории на „кралскиот“ клуб.

Своето деби во првиот тим под водство на Жозе Мурињо го имаше во сезоната 2010/11 и ги освои сите можни трофеи, со бројните великани како Зинедин Зидан, Карло Анчелоти…

За Реал одигра 286 натпревари, постигна 15 гола и запиша девет асистенции. Но, секогаш беше придружуван од статусот „златна резерва“, играч во ротацијата, која никогаш не бил стандарден.