Светскиот шампион Макс Верстапен го даде својот максимум на првиот слободен тренинг во пресрет на Големата награда на Австралија. На патеката во Мелбурн, пилотот на Ред Бул даде време од 1:18.790, кое остана недостижно за неговите конкуренти.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, извозе круг за 1:19.223, додека третото место му припадна на колегата од Ред Бул, Серхио Перез, кој заостануваше 0.503 зад Макс Верстапен.
Четврти е Фернандо Алонсо со заостанување од 0,527. Двајцата возачи на Скудерија Ферари завршија на 5то и 6то место, Шарл Леклер остана 0,588 повеќе од Верстапен, додека Карлос Саинц заврши 0,715 зад Верстапен.
Совозачот на Мерцедес Џорџ Расел заврши деветти откако постави време од 1:19.699 во својот најбрз круг.
🏁 FP1 CLASSIFICATION 🏁
Max Verstappen finishes on top in an action-packed FP1 in Melbourne! 🍿🤯#AusGP #F1 pic.twitter.com/VTahnRhkUL
— Formula 1 (@F1) March 31, 2023
