ФУДБАЛ

Верувале или не: Интер го продава Ериксен, но никој не го сака

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен пристигна во Интер на почетокот на оваа година, но епитетот засилување не беше оправдан.

Иако беше најавуван како големо засилување и фудбалер околу кој ќе се врти играта на Интер, Ериксен не успеа во тоа, па неговото заминување од миланскиот клуб е се поизвесно.

Наводно, Интер е подготвен да го продаде данскиот играч за врска, но сепак ниту една понуда не пристигнала на нивната адреса.

Неговите агенти го нудеа и на клубовите од Премиер лигата каде тој обезбедуваше одлични игри во Тотенхем, но никој не покажа интерес за неговиот ангажман.

Сепак, тоа не го обесхрабри Интер, односно клубот од Милано е подготвен да го испрати на позајмица со задолжителен откуп на договорот, а како што пишуваат италијанските медиуми, фудбалската судбина на Ериксен треба да се знае во следните неколку дена.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига