ФУДБАЛ

Вест Хем го донесе првото засилување оваа зима

Иако зимскиот преоден рок сè уште не е официјално започнат, Вест Хем веќе го резервираше првото засилување за продолжението на сезоната.

Станува збор за Данецот Фредерик Алвеш кој игра како стопер.

Тој ќе стане жител на Лондон од вториот ден од следната 2021 година кога ќе се приклучи на тимот предводен од Дејвид Мојс.

Тој доаѓа од редовите на данскиот прволигаш Силкеборг, каде играше три и пол сезони, има само 21 година и е млад репрезентативец на оваа скандинавска земја.

“Мојот стил на игра е таков што сум дефанзивец кој сака да ја има топката во нозете. Се обидувам да бидам паметен и да не одам цело време со сите сили, мислам како да победувам на секој дуел”, рече тој на презентацијата во неговиот нов клуб.

Тој посочува дека има бразилска крв бидејќи неговата мајка е по потекло од таа земја каде ги направи и своите први фудбалски чекори.

Вест Хем моментално се наоѓа на одличната 10-та позиција во Премиер лигата со 21 поен, а ќе имаат можност да го подобрат и бодовниот биланс кога ќе го пречекаат тимот на Брајтон на својот стадион.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига