Вест Хем планираше да ги задржи 19-годишниот дефанзивец Џереми Нгакија, аргентинскиот дефанзивец Пабло Сабалета и колумбискиот халф Карлос Санчез, со тоа што им понуди нови договори, но тие одбија да ја продолжат соработката.
Тинејџерот на „чеканите“ Нгакија го направи своето деби во првиот тим во поразот од 0: 2 од Ливерпул во јануари.
Триесет и пет-годишниот Сабалета има 80 натпревари за лондонскиот тим по неговиот трансфер од Манчестер Сити пред три сезони.
За две сезони, 34-годишниот Санчез одигра само 18 натпревари во дресот на „чеканите“.
Договорите на триото со Вест Хем истекуваат на 30 јуни.
На седум кола пред крајот на првенството, тимот од Лондон го зазема 17-тото место во пласманот со само 27 поени.