Вест на денот – Меси се понуди да игра за Барса бесплатно, доби ли забрана?!

Written by

in

Лионел Меси сака на сите начини да се врати во својата Барселона, но тоа не е така лесно.

Гиљем Балаг, новинарот кој неодамна ја објави биографијата на Аргентинецот, денеска ја објави ексклузивната и сензационална информација дека Меси понудил бесплатно да игра за Барселона, но дека неговиот предлог бил одбиен!

Наводно Ла Лига веднаш го одбила тој предлог бидејќи според прописите Меси мора да има минимална плата од 25 милиони бруто!

Токму оваа плата неофицијално му ја понуди Барса, знаејќи дека е „минимумот“, Меси ќе добиваше околу 13 милиони годишно, останатото оди на даноци.

Ла Лига најверојатно ќе одговори на финансискиот план на Барса во вторник, по што ќе биде јасно дали Меси може веднаш да се врати на Камп Ноу.

Аргентинецот сака да замине во Барселона, очигледно што поскоро и по секоја цена, а едноставно е неверојатно што и како слободен играч Ла Лига не го одобрува планот на Каталонците.

Не треба да заборавиме дека во однос на минатото лето надвор од тимот се капитените Бускетс, Пике и Алба кои имаа најголеми примања и дека последните двајца им простија поголем дел од планираната плата за сезоната 2023/24.

И покрај сето тоа Ла Лига бара некои дополнителни гаранции дека планот на Барса ќе успее, а очигледно Каталонците наскоро ќе мора да продадат играч за да дојде Меси.

Сè на сè, во очекување на одговорот на Ла Лига во вторник, Меси се понуди да игра бесплатно, но ниту тоа не успеа…