Манчестер Јунајтед имаше турбулентна есен, но работите би можеле да се подобрат во остатокот од сезоната.
По подолга пауза, од денеска Лисандро Мартинез и Каземиро тренираат со остатокот од тимот, што е одлична вест за Ерик тен Хаг.
Се уште не се знае кога ќе бидат подготвени да се вратат во натпреварувањето, но сигурно е дека тоа ќе биде до крајот на јануари.
Мартинез е надвор од терените од крајот на септември, додека Касемиро се повреди во средината на октомври за време на репрезентативната пауза.
Кога Аргентинецот и Бразилецот ќе се вратат во натпреварувањето и доколку се вратат во ланската форма, почетокот на годината може да биде подобар од крајот на претходната.
Јунајтед викендов му гостува на Виган во ФА Купот, а потоа го пречекува Тотенхем следниот викенд, по што следи пауза до 1 февруари кога гостува кај Вулверхемптон.
