Сер Кени Далглиш испрати специјална порака до Мохамед Салах откако Египќанецот го постигна својот 172 гол за Ливерпул на Боксинг Деј.
Во понеделникот „црвените“ ја победија Астон Вила со 3:1 на гостувањето во Бирмингем, а Мо Салах го постигна водечкиот гол во петтата минута.
Тоа беше негов 172-ри гол за клубот во сите натпреварувања, израмнувајќи го со најголемата легенда на Ливерпул , Кени Далглиш.
„Кралот на Египет“ и „Кралот Кени“, како што љубезно ги нарекуваат двајцата асови на „Енфилд“, сега го делат седмото место на листата на најдобри стрелци на Ливерпул на сите времиња, што го натера постариот да биде почестен.
„Фантастично достигнување за Мо Салах. Одлично е да се биде на трибините и да се види голот“, објави Сер Кени Далглиш на социјалните мрежи, додавајќи:
„Ова беше прв пат да го одведам внук ми на гостински натпревар, ви благодарам што го направивте незаборавно! Среќен сум што ви ја предавам палката и се надевам дека ќе има уште поголем успех! YNWA“, напиша славниот Шкот на Твитер.
A fantastic achievement for @MoSalah and great to be in the stands to watch the goal go in. The first time I’ve taken my grandson to an away game – thank you for making it a memorable one! Delighted to hand over the baton and I hope it brings even more success! YNWA https://t.co/OzIyEZ4l0c
— Sir Kenny Dalglish (@kennethdalglish) December 26, 2022
Постигнувањето на Салах го коментираше и Јирген Клоп .
„Сега слушнав за тоа достигнување. Тоа е лудо. Кога сте спомнати во истата фраза или реченица како Сер Кени Далглиш, тогаш сте направиле нешто како што треба. Особено во моментов тоа е огромна работа“, изјави менаџерот на Ливерпул на конференцијата за медиумите по победата над Астон Вила.
Тој гол беше 125-ти за Салах во Премиер лигата, што го доближи до врвот на листата на стрелци во елитната англиска лига: тој моментално е вториот најдобар стрелец на Ливерпул во ПЛ на сите времиња, со само три гола зад „Господ „ Роби Фаулер.