Македонија попладнево ги добри противниците за квалификациите за пласман на СП, кое треба да се одигра во Катар во 2022 година. Германија сигурно е најатрактивниот противник. Со некогашниот светски првак за прв пат ќе играме еден меч, додека со останатите веќе сме се сретнале во разни конкуренции.
Со Ерменија десет мечеви, а последните четири пресметки се во Лигата на нации. Четири победи има Македонија, две Ерменија и четири меча завршие без победник. Во нашата група е и Лихтенштајн. Тоа е селекцијата против која Македонија ја има обезбедно најубедливата историска победа од 11:1 и тоа во квалификациите за СП 1998 година. Со оваа селекција сме играле уште три пати и забележани се три победи.
Со Исланд имаме биланс од две победи, едно реми и еден пораз на четири средби. Со Романија пет пресметки, од кои една победа и три порази.

ГЕРМАНИЈА
-Четири пати светски првак (1954, 197, 1990, 2014)
-Три пати европски првак (1972, 1980, 1996)
-Една титула на ФИФА Купот на Конфедерации
-Највисок ранкинг на ФИФА листата-прво место декември 1992
-Најслаб ранкинг на ФИФА листата – 24 место октомбри 1924
-Моментален пласман на ФИФА листа – 10 место
РОМАНИЈА
-Најголем успех на СП, шесто место 1994-та година на Мундијалот во САД
-Најголем успех на ЕП 7-место во 1984 и 2000-та година.
-Највисок пласман на ФИФА листа – 3 место 3-ти септември 1997 година
-Најнизок пласман на ФИФА листа- 49- место јуни 2017-та
-Моментален пласман на ФИФА листа – 37 место
ИСЛАНД
-Најголем успех на СП – Пласман на СП 2018 во Русија, на крај 28-то место
-Најголем успех на ЕП – 8 место/Франција 2016
-Највисок пласман на ФИФА листа – 18 место февруари-март 2018 година
-Најнизок пласман на ФИФА листа- 131- април-јуни 2012
-Моментален пласман на ФИФА листа – 46-то место
ЕРМЕНИЈА
-Нема пласман на СП
-Нема пласман на ЕП
-Највисок пласман на ФИФА листа – 30 место февруари 2014
-Најнизок пласман на ФИФА листа- 159- juli 1994
-Моментален пласман на ФИФА листа – 99-то место
ЛИХТЕНШТАЈН
-Нема пласман на СП
-Нема пласман на ЕП
-Највисок пласман на ФИФА листа – 118 јануари 2008, јули 2011 и септември 2011
-Најнизок пласман на ФИФА листа- 191 јули 2017
-Моментален пласман на ФИФА листа – 181 место