ФУДБАЛ

Видал го откри својот следен клуб, Интер го казни

Артуро Видал крена прашина во Интер.

Договорот на искусниот чилеански играч за врска со „нероаѕурите“ истекува на крајот од сезоната, а во интервју за ТНТ Спорт зборуваше премногу.

Имено, Видал откри дека има голема желба да игра за Фламенго и од следната сезона да се гледа себеси во тој клуб.

“Многу ми се допаѓа Фламенго, гестот на претседателот да ми го даде дресот ми го скрши срцето. Сонувам да играм овде и се надевам дека тоа ќе се случи наскоро. Кога ќе дојдат претставниците на клубот, ќе направам се што е во моја моќ”. 

„Мојата европска епизода треба да заврши, а мојата следна цел ќе биде да го освојам трофејот со Фламенго. Тимот е конкурентен, најдобар во Јужна Америка“, изјави Видал.

Чилеанецот изјави дека си ја обоил косата сина за да му олесни на тренерот Симоне Инзаги да го забележи и да му даде повеќе простор за игра бидејќи има слаба минутажа оваа сезона.

Клубот од Милано веднаш реагирал и, според пишувањата на италијанските медиуми, веднаш го казнил Видал, а одлучено е дали ќе конкурира за натпреварот против Фиорентина.

Видал имаше голема европска авантура. Пред Интер, тој играше за Барселона, Јувентус, Баерн и Баер Леверкузен. Освен по одличните игри, познат е и по инцидентите надвор од теренот.