Чилеанецот Артуро Видал конечно се огласи по шпекулациите за заминувањето од Барселона.
Од пристигнувањето од Баерн, Видал воопшто не беше во плановите на тимот од „Камп Ноу“.
Како резултат на тоа, во последниве месеци се појави интензивно пишување дека сака да ја напушти Барселона, а многумина го преселија во Интер, каде тренер е Антонио Конте, со кого успешно соработуваше во Јувентус.
Во меѓувреме, приказната се смени и Видал не сака да оди никаде.
“За мене е многу убаво во Барселона. Се чувствувам пријатно таму и имам многу пријатели во соблекувалната. Сакам да останам, се чувствувам поподготвен од кога било”, рече Видал.
Покрај Интер, и Њукасл беше заинтересиран за Видал.