Играчот од средниот ред на Чиле може да заврши во Интер, додека Аргентинецот во Барса.
Барселона очајно го бара Лаутаро Мартинез.
Каталонските гиганти, пак, ги разгледуваат сите опции за да стигнат до аргентинскиот напаѓач.
Шпанскиот весник „Спорт“ пренесува дека сегашниот шпански шампион е подготвен да го испрати Артуро Видал во Италија.
Чилеанскиот играч од средниот ред е многу сакан од тренерот Антонио Конте, и тој факт може да го олесни трансферот на Лаутарот на Ноу Камп.
Во оваа прилика, Барса ќе му го даде Видал на Интер и пари, но не се знае колку пари се подготвени да дадат, а по се изгледа дека нема да поминат ефтино.
Каталонците го гледаат Лаутаро како идеална долгогодишна замена на Луис Суарез.