Артуро Видал полуде поради промената на натпреварот против Јувентус.
Тој беше сменет од тренерот на Интер, Антонио Конте во 72-та минута и го воведе Кристијан Ериксен да се обиде да изедначи, но не успеа и „бјанконерите“ си заминаа дома со победа.
Чилеанецот полуде целосно поради замената и врескаше за време на замената.
„Секогаш 22, секогаш“, извика Видал.
Сепак, Конте не го трогна премногу од ова.
“Кога менувам играчи, не обрнувам внимание на нивните реакции. Донесувам одлуки и останува на играчите да ги прифатат. Тоа е тоа”, беше јасен Конте.
Видал заработи жолт картон на овој натпревар поради што ќе го пропушти реваншот следната недела.
Јувентус славеше на „Меаца“ со 2:1.