Фудбалерите на Барселона во средата на гостовање славеа против Тотенхем со 4:1.
Каталонскиот клуб е во голема криза во домашниот шампионат, но на Вембли покажаа одлична игра. Барса на крилата на Лионел Меси дојде до втора победа во новата сезона на Лигата на шампионите, но работите во тимот не се најдобри.
По завршувањето на натпреварот, Артуро Видал се огласи на социјалните мрежи и објави “луто смајли”, бидејќи очигледно е незадоволен од својата минутажа. Чилеанецот ова лето од Беарн во Барселона пристигна како големо засилување, но поголемиот дел од натпреварите ги започнува од клупата.
Откако не успеа да игра против Тотенхем, тој одлучи да го покаже своето незадоволство на социјалните мрежи, но доби и одговор од Барселона.
“Ќе беше повеќе загриживачки да не му смета што има таква минутажа. Логично е да е вознемирен”, рече клубот.
