Артуро Видал сепак би можел да го засили Интер во наредниот период.
Барселона бара 20 милиони евра за неговите услуги, но во Интер се надеваат дека ќе можат да го позајмат овој фудбалер и да го купат на крајот на сезоната.
Видал веќе соработуваше со тренерот Конте во Јувентус, тие добро се познаваат и сега соработката може да се обнови.
Чилеанецот е несреќен во Барса, и не го крие тоа.
„Би сакал да останам, остатокот од кариерата да го поминам во Барселона, но мора да бидам реален… Ако во јануари или на крајот на сезоната сфатам дека не сум важен, ќе најдам решение и ќе одам таму каде што ќе имам подобар статус“, рече Видал јасно, медиумите.
Тој има остварено 17 настапи оваа сезона и постигна четири гола, но влезе од клупата на 12 наврати. Тој пристигна во Барса од Баерн за нешто помалку од 20 милиони евра летото 2017 година и забележа 70 настапи за Блауграна.