Репрезентацијата на Англија синоќа ремизираше на гостувањето кај Германија со 1:1.
Во дербито на синоќешната програма на Лигата на нации гледавме многу интересен натпревар, а на крајот лутите ривали ги поделија бодовите.
Во центарот на вниманието на овој натпревар беше напаѓачот на гостинскиот тим Тами Абрахам, но не поради неговиот настап на овој натпревар.
Имено, Абрахам не играше синоќа, но сепак беше во центарот на вниманието. За време на загревањето на полувремето тој изведе акробации со топката, но не се одвиваше баш како што планираше.
При еден потег Абрахам ја нагази топката и падна, што предизвика ентузијазам кај германските навивачи, а очекуваното видео од сето тоа стана хит на социјалните мрежи.
Tammy Abraham 😭😭😭
(via @notcalvacic) pic.twitter.com/qStNgUsDoU
— ESPN FC (@ESPNFC) June 8, 2022