ФУДБАЛ

ВИДЕО: Адеми продолжува со Динамо до 2025 година

Македонскиот репрезентативец и капитен на „Модрите“ потпиша нов петгодишен договор со хрватскиот гигант. Аријан Адеми и овој преоден рок не го напушти загрепски Динамо.

„Размислував, но во еден момент сфатив дека заминување би било грешка. Сакам да се извинам поради тоа. Ќе останам во Динамо до крајот на кариера, ако не добијам сериозна понуда од некој клуб од топ пет првенства“, вели Адеми.

По повод потписот Адеми сам дизајнираше специјални дресови кои Динамо ќе ги пушти во продажба.

„Клубот ми предложи таква идеја, јас го дизајнирав дресот, само не ме прашувајте како хаха. Сигурно ќе си оставам еден дрес за себе, а соиграчите се исто така заинтересирани. Не знам ни сам дали тие 199 дреса се малку или мног“, изјави Адеми.

https://www.facebook.com/dinamo/videos/115531903219103/