ФУДБАЛ

ВИДЕО: Ако имаше ВАР во Англија голот на Њукасл ќе беше поништен

За англиската премиер лига велат дека има се, освен добро судење и може да се каже дека тоа е точно. За тоа зборува и податокот дека ниту еден англиски судија не беше учесник на Мундијалот во Русија, што никогаш се немаше случено.

Англичаните немаат воведено ВАР технологија во Премиер лигата, а ќе биде вистинско чудо така да биде и следната сезона, денеска е „ограбен“ Челзи, вчера Сити прими гол со рака, а којзнае што ќе се случи до крајот на сезоната.

Погледнете што се случуваше пред Њукасл да го постигне голот, ако имаше ВАР во Англија, Њукасл немаше да го изедначи резултатот.

Но и покрај ова, Челзи сепак успеа да дојде до победа благодарение на автоголот на Једлин.

Правдата сепак е задоволена. Што мислите вие?

https://twitter.com/LeeWaters/status/1033757195077332993

https://twitter.com/chippingexpert/status/1033756738992910336

ПОВРЗАНО

Премиер Лига