Со денешната победа Севлија повторно се најде меѓу четирите најдобри екипи во Премиер лигата. Во рамки на 19. коло од премиер лигата, славеше победа кај Алавес 1-2.
Јусеф Ел Несири донесе експресно водство за гостите од Андалузија уште во третата минута, но Алавес се врати преку Едгар Мендез во 15-тата минута, пред Сусо во 30-тата минута да го врати водството на Севилја со фантастичен гол од најмалку 25 метри. Алавес имаа совршена шанса да израмнат во 90-тата минута, но Хоселу не беше прецизен од белата точка.