Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски не доби шанса за нов премиерлигашки настап во дресот на Лидс Јунајтед. Со гол на Раул Хименез, Вулверхемптон со 1-0 славеше на гостувањето кај Лидс.
Голманот на Лидс имаше неколку одлични интервенции, но едноставно не можеше да го запре ударот на Раул Хименез, кој се одби од фудбалер на домаќините и заврши во мрежата за водство од 1-0 на гостинскиот тим.
За Вулверхемптон ова е трета победа во Премиер лигата во новата сезона, додека Лидс ја заврши серијата од три меча без неуспех и загуби вторпат, по оној стартен пораз во лудиот меч со Ливерпул.