Претставникот на Северна Македонија, Езјан Алиоски останува еден од најважниоте и еден од најдобрите играчи од средниот ред на Лидс Јунајтед. Алиоски ја затресе мрежата во победата на Лидс Јунајтед од 2:0 над Хадерсфилд.
Пет минути по почетокот на второто полувреме Алиоски ја покажа својата мајсторија, постигнувајќи прекрасен гол со волеј надвор од шеснаесетникот. Инаку, другиот гол за Лидс го постигна Спаноли Пабло Ернандез во 80. минута.
За Алиоски, ова беше четврти гол во сезоната и прв по неговото враќање од повредата што го оддалечи од теренот околу еден месец, пренесува „Шенон“. Со оваа победа Лидс Јунајтед се искачува на првата позиција на табелата со 43 бода.
Derby Goal pour Alioski qui donne l'avantage à Leeds sur une superbe reprise !https://t.co/piUaZxQ6qr
— FR – EFL Championship🏴🇫🇷 (@freflchamp) December 7, 2019